Израел ги објави своите загуби – откри колку војници се убиени

од Симе Стоиков
251 прегледи

Израелската армија денеска соопшти дека од 7 октомври 2023 година, датумот на почетокот на војната со палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, загинале 600 нејзини припадници.

„Надав Коен, 20 години, од Хаифа, беше убиен во борби во јужниот дел на Појасот Газа“, изјави неименуван портпарол на израелската армија, со што бројот на загинати израелски војници достигна 600, вклучувајќи ги и жртвите во Израел и на палестинските територии.

Министерството за здравство на палестинското движење Хамас редовно известува за бројот на жртвите во Појасот Газа, а во последниот извештај од неделата, од почетокот на војната загинале 32.782 лица, додека 75.298 се повредени.

Слични содржини