Одличната соработка меѓу Израел и Русија ја исклучува можноста тие две земји да ги соборуваат авионите едни на други, иако Русија често влегуваат во израелскиот воздушен простор при бомардирање на позиции на Исламската држава во Сирија, изјави денес претставник на израелското Министерство за одбрана Амос Гилад.

-„Договорот меѓу израелските и руските власти дозволува руски авиони да прелетуваат низ израелскиотѕ воздушен простор, како и израелските воздухопловни сили да бомбардираат пратки со оружје кои од Сирија се праќаат на Хезболах во Либан“, рече Гилад.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека одностите со Израел се одлични.
Координацијата меѓу двете земји имаат за цел да се спречат инциденти како оној со турските ловци минатата ндела кога го соборија рускиот авион на турско-сириската граница.