Израел изведе воздушен напад во Сирија

од Milan1
251 прегледи

Еден сириски војник загина, а тројца се ранети во израелски воздушен напад синоќа во областа Палмир во Сирија.

„Нападот, чија цел беше комуникациската кула, се случи во 23:34 часот по локално време, а предизвикана е и одредена материјална штета”, се наведува во краткото соопштение на Министерството на Фејсбук.

Инцидентот се случи неколку дена откако сириската противвоздушна одбрана одговори на израелскиот напад врз воената база во централната провинција Хомс, во кој беа ранети шестмина војници, а беше причинета и материјална штета.

Слични содржини