241
Израел тврди дека во воздушен напад во Либан денеска бил убиен Али Абед Аксан Наим, заменик командант на ракетните единици на Хезболах.
Притоа додаваат дека го извршил најсмртоносниот напад врз Сирија во последните неколку месеци.
Тел Авив рече дека Аксан Наим е одговорен за извршување и планирање ракетни напади врз израелски цивили.
Во најголемата ескалација на конфликтот меѓу Хезболах и Израел по оној од 2006 година, досега десетина израелски војници и неколку цивили беа убиени во северен Израел.
Од друга страна 270 борци на Хезболах и 50 цивили, вклучувајќи болничари, цивили и новинари беа убиени во израелските напади во јужен Либан.