Израел ќе дозволи „привремена“ испорака на помош до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Воениот кабинет ги овласти премиерот, министерот за одбрана Јоав Галан и министерот Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се вели во соопштението.
Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на хуманитарната криза, но и „неопходна е да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“.
Израел ќе одобри „привремена“ испорака на хуманитарна помош преку израелското пристаниште Ашдод, 40 километри северно од Газа, и преку преминот Ерез, на југот на земјата.
Властите, исто така, ќе дозволат поголема испорака на јорданска помош преку Керем Шалом, граничен премин во јужен Израел.
Се зголемува меѓународниот притисок врз израелската влада поради хуманитарната катастрофа во Газа.
Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера за прв пат зборуваше за можноста помошта на САД за Израел да биде условена.