Израел на своите сили им фрла опрема од авиони, првпат од 2006 година

од Stefanija Kuzmanovska
230 прегледи

Израелската армија со авиони им испорачува околу седум тони воена опрема на своите сили кои се борат против борците на палестинската милитантна група Хамас во околината на Кан Јунис во Појасот Газа, со фрлање опрема додека авионите се во воздух, што е првпат од 2006 година и Втората либанска војна израелската армија на овој начин да ги снабдува своите трупи.

На видеото објавено од израелската војска се гледа како транспортен авион C-130J на израелските сили исфрла воена опрема, пишува The Times of Israel.

Во околината на градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, се водат жестоки борби меѓу израелските сили и припадниците на Хамас, а израелската армија соопшти дека во тој, втор по големина град во Појасот Газа, борбите се водат „од врата до врата“.

Слични содржини