Израел: Најавените признавања на палестинска држава ги намалуваат изгледите за решение

Шпанија претходно викендов објави дека се договорила со Малта, Ирска и со Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинска државност во окупираниот Западен Брег и во Појасот Газа.

од Бети Божиноска
191 прегледи

Израел оцени денеска дека планот на четири земји-членки на ЕУ да работат во насока на признавање на палестинска држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Шпанија претходно викендов објави дека се договорила со Малта, Ирска и со Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинска државност во окупираниот Западен Брег и во Појасот Газа.

Со Појасот Газа долго време управува Хамас, кој не сака мир со Израел и кој го нападна на 7 октомври, предизвикувајќи разорна војна во Појасот Газа што се уште трае и која исто така поттикна насилство на Западниот Брег, каде што Израел има големи еврејски населби.

„Признавањето палестинска држава по масакрот на 7 октомври испраќа порака до Хамас и другите палестински терористички организации дека на крвожедните терористички напади против Израелците ќе биде одговорено со политички гестови кон Палестинците“, објави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, во пост на „X“.

„Решавањето на конфликтот ќе биде можно само преку директни преговори меѓу двете страни. Секој ангажман за признавање палестинска држава само го одложува постигнувањето решение и ја зголемува регионалната нестабилност“, додаде тој.

Кац не кажа какво решение има на ум.

Слични содржини