136
Израелскиот безбедносен кабинет синоќа гласаше за проширување на операцијата на израелските безбедносни сили (ИДФ) во Рафа, но без да се премине границата во тоа што САД го сметаат за „голема операција“.
Американскиот портал „Аксиос“ (Axios) повикувајќи се на два неименувани извори објави дека проширувањето на операцијата во Рафа ќе биде доволно ограничено за да не се вознемири администрацијата на Бајден, додека трет извор предупредува дека потезите од страна на САД може да се протолкуваат како чекор предалеку.
Екстремно десничарските министри Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич гласаа против одлуката за ограничена операција во Рафа, но беа надгласани