Израел сака да ја продолжи првата фаза од примирјето во Газа за 42 дена

од Aneta Risteska
17 прегледи

Израелска делегација во Каиро се обидува да постигне договор за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, кој завршува утре, за уште 42 дена, изјавија во понеделникот за Ројтерс два египетски безбедносни извори.

Се додава дека Хамас не се согласува со планот за продолжување и сака да продолжи со втората фаза според првичниот договор.

За време на првата фаза од прекинот на огнот, стотици палестински затвореници беа ослободени од израелските затвори, а 30 заложници беа вратени во Израел.

Во втората фаза, Израел би прифатил траен прекин на огнот, а Хамас потоа би ги ослободил преостанатите живи машки заложници, и цивили и војници, во замена за палестинските затвореници.

Во третата фаза, посмртните останки на починатите израелски заложници би биле вратени во Израел, пренесува Танјуг.

Слични содржини