Палестинската фоторепортерка Фатима Хасуна, убиена заедно со десет членови на семејството во израелски воздушен напад врз нејзиниот дом во северниот дел на Појасот Газа, е ѕвезда на документарниот филм што ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал следниот месец.
Дипломирана на Универзитетскиот факултет за применети науки во Газа, Фатима не беше само фотограф, таа беше визуелен сведок на реалноста која од ден на ден станува се побрутална. Неколку часа пред да биде убиена, таа објави фотографија од зајдисонцето од нејзиниот балкон, пишувајќи: „Ова е првото зајдисонце по долго време“.
„Што се однесува до неизбежната смрт, ако умрам, сакам гласна смрт, не сакам да бидам во ударните вести, или во голем број со групата, сакам смрт за која светот слуша, белег што ќе трае вечно и бесмртни слики кои ниту времето ниту местото не можат да ги закопаат“, напиша таа во објавата непосредно пред убиството.
Еден ден пред да биде убиена, Здружението на независни кинематографери за дистрибуција (ACID) објави дека документарниот филм на протераната иранска режисерка Сепиде Фарси „Стави ја душата на рака и оди“ е избран за филмскиот фестивал во Кан следниот месец.
Фатима е централниот лик во филмот, а нејзиниот избор можеше да биде пресвртница во нејзината кариера и можност да ја сподели својата визија со светот.
Во интервју за францускиот дневен весник „Монд“, иранскиот режисер ја опиша Фатима со трогателни зборови, велејќи дека таа „била сонце“.
„Таа ја следеше војната во Газа, повремено соработуваше со медиумите испраќајќи фотографии и видеа. Секој ден ми испраќаше фотографии, напишани пораки и аудио снимки. Секое утро се будев и се прашував дали е се уште жива“, опишала режисерот.
Од почетокот на израелската војна против Газа, Меѓународната федерација на новинари (IFJ) проценува дека се убиени најмалку 157 новинари и медиумски работници, а други извештаи сугерираат дека вистинскиот број би можел да надмине 200.