593
Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац рече дека одлуката, на Словенија за признавање на независна палестинска држава која ќе оди на одобрување во словенечкиот парламент, е награда за Хамас за убиства и силувања. Во изјавата Кац вели дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенечкиот и израелскиот народ“.
„Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли оваа препорака“, додаде тој.
Словенечката влада претходно денеска објави дека им се придружува на европските земји кои ја признаваат палестинската државност.
Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.