ИДФ ги оспорува бројките на ОН за обемот на уништени објекти во Газа. Бројките објавени за првпат во четвртокот, тврдат дека само 16% од зградите во Појасот биле уништени од почетокот на војната, наспроти 50% според бројките на ОН и 70% во извештаите на странските медиуми. Податоците се однесуваа на периодот кој завршува на 31 мај.
Војската соопшти дека уништила 36 отсто од привремените објекти лоцирани во земјоделските полиња, како што се бараките и шаторите, што ги користеле терористите.
ИДФ користеле дигитално воздушно мапирање направено од нејзините разузнавачи во годината пред војната, за да ја одреди количината на уништување и откри дека пред 7 октомври, во Газа имало 453.188 згради, од кои 217.761 постојани објекти, вклучувајќи домови, станбени блокови, јавни и деловни објекти и 235.427 времени објекти.
ОН во извештајот кој се потпира на сателитски снимки и опширно цитиран во медиумите, тврди дека повеќе од половина од зградите во Газа биле уништени во речиси деветте месеци од војната, до тој степен што повеќе не можеле да се користат. Во него се вели дека структурите оштетени од една граната или проектил не се бројат, а само зградите целосно урнати или компромитирани на начин што би ја загрозила безбедноста на луѓето, биле додадени на пребројувањето.
Според извештаите во меѓународните медиуми обемот на уништување е уште поголем. Волстрит журнал во декември објави дека војната предизвикала уништување на 70% од зградите во Газа, па дури и ја спореди ситуацијата со бомбардирањето на Дрезден во последните денови од Втората светска војна. Весникот тврди дека повеќето домови во Газа биле оштетени или уништени.
ИДФ вели дека за разлика од ОН и медиумите, собира речиси секојдневно визуелни докази користејќи напредни беспилотни летала и други технолошки средства, како додаток на сателитски снимки, така што нивните податоци се посигурни и ќе бидат претставени на различни меѓународни трибунали и истраги за однесувањето на Израел во војна.