Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до најгусто населениот дел

од Milan1
151 прегледи

Израелски тенкови денеска навлегоа подлабоко во градот Рафа и стигнаа до станбени области проширувајќи ја офанзивата кон тој град на крајниот југ на Појасот Газа, каде што претходно побегнаа повеќе од милион луѓе.

Израелските меѓународни сојузници и хуманитарни групи постојано го повикаа Израел да не го спроведува најавениот план за копнена офанзива во Рафа предупредувајќи дека тоа ќе доведе до уште полоша хуманитарна катастрофа.

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани денеска предупреди дека израелските операции во Рафа доведоа до ќор-сокак на мировните преговори.

Израел најави дека ќе почне офанзива во Рафа и покрај противењето на неговите сојузници тврдејќи дека операцијата е неопходна бидејќи во областа има уште четири баталјони на Хамас.

„Тенкови утрово напредуваа западно од патот Салахудин, во населбите Бразил и Јнеина. Тие се на улиците во населената област и има борба“, изјави еден жител за „Ројтерс“.

Израел пред една недела издаде предупредување до жителите да го напуштат источниот дел на Рафа, а во саботата додаде уште неколку зони.

Слични содржини