Израелскиот министер за одбрана: Во Либан нема да има прекин на оганот, „ниту одмор“

од Milan1
12 прегледи

Новоименуваниот израелски министер за одбрана, Израел Кац, рече дека „нема да има прекин на огнот“ и „нема да има одмор“ во Либан, каде што во последните недели беа забележани серија израелски воздушни напади и копнени упади. Убиени се повеќе од 3.000 луѓе, пишува „Гардијан“.

„Предупредувањето и силната активност спроведена од ИД и безбедносните агенции против Хезболах и елиминацијата на Насрала е слика на победата и треба да се продолжи со активности, со цел да се деградираат способностите на Хезболах. Нема да има прекин на огнот во Либан и нема да има одмор, се додека не го спречиме тероризмот и исполнувањето на целите на војната во Либан, разоружувањето на Хезболах и нивното повлекување надвор од реката Литани и враќањето на жителите на северот безбедно во нивните домови“, објави Кац на социјалните мрежи.

Кац беше именуван за министер за одбрана минатата недела откако Бенјамин Нетанјаху го отпушти Јоав Галант, наведувајќи ги несогласувањата околу стратегијата. Во мај 2024 година, Меѓународниот кривичен суд побара потерници за Нетанјаху и Галант за наводни воени злосторства во Газа. Израел ја оспори одлуката.

Слични содржини