Израелскиот здравствен систем потврди: Вакцинирањето против Ковид 19, ги заштитува и невакцинираните

493 прегледи

Новите податоци од Израел, каде напредувала кампањата за вакцинација против коронавирусот со Фајзер, укажуваат на тоа дека имунизацијата на возрасните исто така ги штити невакцинираните лица кои живеат во нивна близина, особено децата.

Околу една третина од 1,95 милиони корисници на здравствени услуги во Макаби (МХС), над 16-годишна возраст, добиле барем една доза до 30 јануари.

Проучувајќи ја епидемиолошката состојба во 223 заедници, научниците забележале дека со зголемувањето на бројот на вакцинирани возрасни, стапката на инфекција кај невакцинираните корисници на системот МХС во истите заедници се намали – особено кај децата.

МХС е втор по големина израелски здравствен систем.

– Иако забележаната заштита на невакцинирани лица, поврзана со вакцинирање кај возрасни, е охрабрувачка, потребни се дополнителни студии за да се утврди дали и како тоа ќе им помогне на изгледите за колективен имунитет и искоренување на болести – велат научниците.

Слични содржини