22
Службениците за гранична контрола во Израел ветија дека ќе штрајкуваат во недела, блокирајќи го секој влез во земјата, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Бен Гурион во Тел Авив.
Вработените во Службата за население и имиграција бараат подобри плати и подобра лична заштита, пишува „Тајмс оф Израел“. Доколку штрајкот би се одржал, аеродромот во Тел Авив би бил затворен од 07 до 16 часот по локално време.
Исто така, секој патен влез во земјата би бил затворен, вклучувајќи го и мостот Аленби што го поврзува Израел со Јордан, каде се очекува гужва во текот на викендот поради почетокот на Рамазан.
Истото важи и за преминот кон Синај, потсетува Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.