Израелските трупи остануваат во Газа, Либан и Сирија

од Milan1
21 прегледи

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека израелските војници ќе останат на неодредено време во таканаречените безбедносни зони во Појасот Газа, Либан и Сирија.

„За разлика од минатото, израелската армија нема да се евакуира од областите што се исчистени и заземени. Армијата ќе остане во безбедносните зони како тампон меѓу непријателот и израелската заедница во секоја привремена или постојана ситуација во Газа, како во Либан и Сирија“, рече Кац, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Украинскиот парламент ја продолжува вонредната состојба и општа мобилизација во земјата

Израелските сили зазедоа големи области на Газа во последниве недели во обновената воена кампања во Појасот Газа, откако го прекршија прекинот на огнот минатиот месец.

Израел, исто така, одби да се повлече од некои области во Либан по прекинот на огнот со милитантната група Хезболах минатата година, а окупираше тампон зона во јужна Сирија по соборувањето на претседателот Башар Асад, пренесува Танјуг

Слични содржини