Извадено тело на маж од реката Вардар

од Илинка Илиоска
160 прегледи

Тело на машко лице синоќа било извадено од водите на Вардар во Скопје кај Центар, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен синќа околу 19.50 часот во СВР Скопје дека во реката Вардар, на подрачјето на Центар, било забележано тело на машко лице.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го извадиле телото од реката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Слични содржини