Извештај на „Deutsche Bundesbank“: Германците никогаш побогати!

од Radmila Tasevska
106 прегледи

316.500 евра – толку бил просечниот имот на германските домаќинства во 2021 година, се наведува во извештајот на Deutsche Bundesbank. Ова е за 121.300 евра повеќе во споредба со десет години претходно, а само во последните четири години просечниот имот пораснал за 83.600 евра и достигнал рекордни височини. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од повеќе од 4.000 домаќинства, пишува Wirtschaftswoche.

За време на пандемијата, можностите за трошење беа ограничени, па голем број граѓани успеаја да заштедат повеќе од вообичаено. Особено кај помалку богатите домаќинства, забележан е силен раст, па нееднаквоста во нето-богатството меѓу побогатите и посиромашните домаќинства благо се намали. Меѓутоа, споредено со европскиот просек, богатството во Германија е нерамномерно распределено.

И додека посиромашните домаќинства го чуваат најголемиот дел од своите пари во банка и се впуштаат во нискоризични инвестиции, побогатите инвестираат во недвижен имот или компании. Ако зборуваме за медијаната (просечна вредност, половина од домаќинствата над оваа вредност, половина под), тогаш зголемувањето е исто така видливо. Од 2017 година, кога беше 70.800 евра по домаќинство, се искачи на 106.600 евра во пандемијата во 2021 година. Сепак, сè уште е понизок отколку во Италија, каде што е 150.000 евра или во Шпанија, каде што е 122.000 евра.

Во Германија, најбогатите десет отсто од домаќинствата поседуваат околу 56 отсто од вкупните нето средства. Пред десет години поседуваа три процентни поени повеќе. За да бидете меѓу десетте проценти од најбогатите домаќинства во Германија во 2021 година, требаше да имате имот во вредност од 725.900 евра.

 

Слични содржини