ИЗВРШЕНА РАЗМЕНА НА ЗАРОБЕНИЦИ: 86 војници, меѓу кои 15 жени вратени на Украина

од Nikola Popovski
235 прегледи

Руските социјални мрежи штотуку информирале дека дошла до размена затвореници во регионот Запорожје во Украина.

Украина примила 86 војници, од кои 15 се жени, изјави заменик-началничката на Генералштабот на претседателот  К. Тимошенко.

Специјалната воена операција на Русија во Украина продолжува веќе 35 дена. Во Мариупол се водат жестоки битки.

Украинците ја нападнаа руската област Белгород со два хеликоптери. Нивна цел беа две складишта за нафта, по што избувнал пожар.

Вицепремиерката и министерка за реинтеграција на Украина Ирина Верешчук соопшти дека денеска е извршена втората размена на воени заробеници меѓу украинската и руската страна.

„По наредба на претседателот Зеленски, штотуку се случи втората размена на воени заробеници. 86 наши војници се враќаат дома, од кои 15 се жени“, напиша Верешкук на официјалниот канал на Телеграм.