185
Извршниот директор на најголемата американска банка, „Џеј Пи Морган Чејс“, Џејми Дајмон, ги продаде акциите на банката во вредност од 150 милиони долари, се вели во пријавата до американската Комисија за хартии од вредност (SEC).
Ова е првпат Дajмон да продаде акции на „Џеј Пи Морган Чејс“ откако ја презеде функцијата извршен директор во 2005 година.
Дајмон и неговото семејство имаат намера да продадат еден милион акции од вкупно 8,6 милиони акции што ги поседуваат.