Јанчев нема да биде дел од кабинетот на Мицкоски: Останува градоначалник

од Илинка Илиоска
3,5K прегледи

Митко Јанчев сепак ќе остане да биде градоначалник на Кавадарци и засега нема да биде дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкоски. Тој во изјава за медиуми потврдил дека со мандатарот Христијан Мицкоски разговарал да биде дел од новата влада, но одлучиле да го истурка градоначалничкиот мандат.

-Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот – изјавил Јанчев.

 

Слични содржини