Живко Гошаревски, градоначалникот на општина Ресен на својот Фејсбук профил соопшти дека Васил Јанкула, кој е роден со церебрална парализа, ќе биде вработен во општината.

– Јанкула е ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби, а со неговите познавања на целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на правата на лицата со попреченост и телесен инвалидитет.
Општина Ресен, како институција се грижи подеднакво за сите категории на граѓани и допринесува за унапредување на нивните права и слободи, пишува Гошаревски.
Јанкула пред неколку месеци со трицикл направи кружна тура од 800 километри околу државата. Тој на 10 мај тргна од Ресен во обиколката со трицикл со намера да мине околи 800 километри преку Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид, и преку Галичица да се врати дома. Пред тргнувањето тој упати апел до сите лица со хендикеп да бидат силни и храбри и да не се откажуваат на пола пат, а обиколката одеше под мотото „Сите сме исти“.
На 4 мај Васил извози 42 км и на Скопскиот маратон.