242
Јапонија најави забрана за извоз на луксузна роба во Русија од 5 април, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија.
Меѓу другото, забранет е и извоз на луксузни автомобили, алкохол, козметика, модни предмети, уметнички дела.
Генералниот секретар на јапонската Влада, Хироказу Мацуно изјави дека од јапонските компании ќе се бара да одбијат, доколку Русија им побара да платат во рубљи за економски трансакции, особено во енергетскиот сектор.
Русија минатата недела побара „непријателските” земји да плаќаат за гас во рубљи, а не во евра, откако САД и европските сојузници воведоа санкции за земјата.
На листата на санкции на Токио има 101 лице и 130 правни субјекти од Русија.