Јапонија планира да одвои најмалку 6,74 милијарди долари за одбраната

од Milan1
231 прегледи

Јапонија планира рекордни трошоци за одбраната како дел од ребалансот на буџетот што треба да биде објавен денеска заедно со пакет економски стимулации, објавија јапонските медиуми.

Јапонија планира да одвои најмалку 770 милијарди јени (6,74 милијарди долари) за одбрана во ребалансот на буџетот, што ќе биде дел од денешниот финализиран пакет економски стимулации. Рекордните трошоци за одбрана ги вклучуваат и трошоците за ракети и патролни авиони, како и средства за зајакнување на одбранбените капацитети во близина на југозападните острови.

Јапонија долго време вети дека ќе го задржи својот воен буџет во рамките на 1,0 отсто од бруто домашниот производ, што ја намали загриженоста дома и во странство за какво било заживување на милитаризмот.

Но, во услови на зголемена загриженост за присуството на кинеската војска во спорното Источно Кинеско Море, јапонската владејачка Либерално-демократска партија (ЛДП) вклучи трошење 2,0 отсто од БДП или уште повеќе за одбрана во својата платформа.

Јапонското Министерство за одбрана сака, меѓу другото, финансирање за домашен стелт ловец и проектили со дострел од повеќе од 1.000 километри

Слични содржини