Еден од водечките јапонски дистрибутери на храна, Паско Шикишима, повлекува на над 100.000 пакувања од нивната реномирана марка на сечен бел леб откако во некои од нив беа пронајдени делови од стаорци.
Компанијата, која е сместена во западната префектура Токио, потврди дека води истрага за тоа како овие делови се нашле во производите и изјави дека не се регистрирани болести поврзани со консумацијата на лебот. Во изјавата, за Си-ЕнЕн од компанијата рекоа дека ќе ги повлечат производите и ќе ја прекинат производствената линија сè додека не се утврди причината и не се преземат соодветни мерки.
Паско Шикишима, која е основана во 1920 година и е еден од главните добавувачи на пекарски производи, вработува околу 3.700 луѓе во 12 фабрики низ Јапонија. Повлекувањето на производите не влијае на меѓународниот пазар, бидејќи не се продава во странство,потврди портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.
Ова не е единствениот инцидент со храна во последната година. Во март, јапонските здравствени власти отповикаа три додатоци во исхраната од Кобајаши Фармасетукал, голем производител на лекови, по неколку смртни случаи. Минатиот август, добавувачот на храна Варабеја Ничијо пронашол лебарки во топчиња од ориз, продадени во продавницата 7-Елевен во Саитама, северно од Токио.