115
Јапонски конзорциум предводен од групацијата „ЈИП“ денеска објави дека компанијата „Тошиба“ ја прифатила нејзината понуда за преземање, вредна два трилиони јапонски јени или околу 12,68 милијарди евра.
Како што пренесува порталот „Kyodo News“, на 8 август споменатиот конзорциум објави откупна понуда по цена од 4.620 јапонски јени или околу 29,3 евра по акција и успеа да собере 78,65 отсто од акциите на „Тошиба“.
Одборот на директори на „Тошиба“ препорача акционерите да ја прифатат понудата.