„Јас само стареам“: Шарлиз Терон остро одговори на обвинувањата дека го затегнала лицето

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската ѕвезда Шарлиз Терон е нападната од негативните коментари на луѓето кои веруваат дека таа направила лоша пластична операција. Имено, со годините и стареењето лицето ѝ се променило, но актерката решила да старее достоинствено и природно и негира дека претрпела какво било затегнување.

„Моето лице се менува и го сакам поради тоа што се менува и старее. Но, луѓето мислат дека сум направил фејслифтинг. Тие се прашуваат: ‘Што направи таа со нејзиното лице?’. Во тие моменти секогаш помислувам: ‘Кучки, јас само стареам. Тоа не значи дека сум имала лоша пластична операција. Едноставно на сите им се случува’“, изјави таа.

Шарлиз Терон истакна дека не се согласува со идејата дека „мажите стареат како вино, а жените како сечено цвеќе“.

„Го презирам тој концепт и сакам да се борам против него, но мислам и дека жените сакаат да стареат на начин кој им одговара. Мислам дека треба да бидеме малку повеќе сочувствителни за тоа како сите поминуваме низ нашето животно патување“, додаде актерката.

Слични содржини