Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на ЕУ, чиј дневен ред ги вклучува односите со Русија, ситуацијата во Украина и спроведувањето на Минските договори од 12 февруари за решавање на конфликтот во оваа земја, пишува “Независимаја газета”.

0000257789-article2

Во последните денови лидерите на ЕУ и на европската дипломатија водеа постојани дискусии дали да ги продолжат санкциите против Москва или да воведат построги. Обединета Европа сепак не успеа да стигне до консензус за прашањето што да прави со Русија, забележува весникот.

Тој предвидува во Брисел најмногу бурни престрелки по повод економските санкции од јули – забраната Европејци да финансираат руски банки, одбранбени претпријатија и нафтени компании, исто така и да се испорачува опрема за нафтени рафинерии и за производство на стоки со двојна намена.

За продолжување на овие казнени мерки е потребно единогласие меѓу 28-те членки на ЕУ, што сепак недостасува.

Балтичките земји, Велика Британија, Данска, Полска и Шведска се уште одржуваат тежок курс во однос на Русија – инсистираат за проширување и продолжување на санкциите, додека Австрија, Унгарија, Грција, Шпанија, Италија, Кипар и Словачка се на спротивната позиција, посочува весникот.

Според експертот за европски прашања Олга Потемкин “, Брисел ќе ги одолговлекува работите до јуни”, кога претстои нов лидерски форум на ЕУ.

Како што предупредуваат противници на санкциите, примирјето во Донбас е кревко дотаму што продолжување на овие мерки може само да ја влоши ситуацијата. А ако не се успее да дојде до консензус, ЕУ во принцип ќе ја одложи одлуката за што е можно подолго време, објаснува аналитичарката.

Прашањето за продолжување на антируски санкции и се заканува Европа со нова поделба, пишува “РБК дејли”, повикувајќи се на агенција Блумберг.

Според новинарите, во Европа се формира блок од најмалку седум држави, незадоволни од санкцискиот режим наметнат на Кремљ. За да дознаеме кои земји може да го саботираат усвојувањето на построги санкции, Блумберг нуди да ја погледнеме “книгата за гости на Владимир Путин”, објаснува весникот.

Тој ги реди последните посети на високо ниво во рамките на дипломатските врски на Русија со Кипар, Италија, Грција, Австрија и Унгарија. Според Блумберг, за нормализирање на односите со Москва се прогласуваат исто и Шпанија и Словачка.

Покрај “проруските” лидери се издвојуваат и “јастреби”, меѓу кои се Велика Британија, Полска и балтичките земји, чиј стремеж е преку ограничувања да ја променат политиката на Кремљ. На заедничко европска ниво интересите им се претставени од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Предлогот за секторските санкции да бидат продолжени со пет месеци наместо со една година, како што е вообичаено, според Блумберг значи попуст и пребарување на компромис. А “прагматичната” Германија зазема неутрален став во обид да се комбинираат потребниот тежок одговор насочен кон Кремљ, со зачувување на внатрешно-европското единство, додава “РБК дејли”.

“Росијскаја газета” истакнува дека во понеделникот австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц не ги поддржа своите европски колеги во повиците за санкции на Британецот Филип Хамонд, шеф на кампот на “јастреби” .

Според зборовите на Курц, “сега не е потребно да се донесат одлуки за санкциите против Русија”. Според надворешно-политичката служба на ЕУ, ред држави се прогласуваат за построги санкциски мерки против Москва, но “други земји од ЕУ сметаат дека политиката на санкции е грешка и дека санкции воопшто не смее да има”, додава весникот.

Западот може да ги продолжи обидите да се удави во мочуриштето на руската економија или пак ќе стави во рикверц. Едвај сепак денеска во Брисел ќе биде донесена конкретна одлука, прогнозира “Московскиј комсомолец”.

Меѓу причините изданието укажува на прво место за “дијаметралните разлики помеѓу геополитичките и економските задачи и предрасудите на претставниците на САД и оние внатре во ЕУ”.

Стоковата размена на Вашингтон со Русија е 1-2 проценти од вкупната и САД ќе се справат со ситуацијата независно од санкциите. Енергетскиот биланс на Стариот свет, сепак е во речиси 30-процентна зависност од рускиот дотур – тој “можеби нема да издржи и ќе се распрсне”, објаснува “Московскиј комсомолец”.

Брисел според весникот може да донесе одлука само со консензус – “ако некој е против или едноставно не гласа, санкциите ќе бидат укинати”, пишува тој.

“Сега меѓутоа делегатите од ЕУ најверојатно само ќе разговараат и можеби ќе договараат однапред решение – да укинуваат санкциите или не. Основно решение се очекува дури во јуни или јули, кога истекува рокот на секторските ограничувања против Русија”, заклучува “Московскиј комсомолец”.

Слични содржини