Јелена Карлеуша повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград: „Во затвор“

од Milan1
370 прегледи

Српската пејачка Јелена Карлеуша во новата серија објави на Фејсбук го прозва и ректорот на Универзитетот во Белград, пишувајќи дека со месеци ја организира блокадата на факултетот и повика на негово апсење за „злоупотреба на студенти и деца и кршење на законот“.

Имено, пејачката продолжува да го брани Александар Вучиќ, а со најавениот голем протест во Белград, на ред дојде ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, кого го обвини дека предизвикува масовна хистерија и омраза меѓу народот.

„Ректорот на белградскиот универзитет, Владан Ѓокиќ, кој со месеци ја организира блокадата на факултетите, а потоа и на средните и основните училишта во Србија, лицемерно повикува на мир и ненасилство на протестите, иако неговите постапки директно предизвикуваат омраза, насилство, поделби и кршење на законот со блокирање улици и мостови“, напиша на својот Фејсбук статус Јелена.

Понатаму тврди дека човекот „кој го плаќаат сите граѓани на Србија нема право никому да го забранува образованието“.

„Овој човек е платен од граѓаните на Србија, но има средби само со странски дипломати. Се поставува прашањето, зошто овој човек не е уапсен за очигледно предавство против сопствената земја? Зошто овој човек не е уапсен за ужасната злоупотреба на студенти и деца, кршење на законот и основното право на образование? За каков мир зборува овој човек кога предизвика масовна хистерија и омраза меѓу народот?“

Оваа објава дојде откако Карлеуша ги загуби своите профили на Инстаграм и ТикТок поради објави во кои ги навредува сите кои беа против Александар Вучиќ и неговиот режим.

Поради ова страда и нејзиниот имиџ, а неодамна на белградскиот аеродром имала вербална пресметка со случаен минувач, на што таа одговорила со навреди.

Слични содржини