Српската пејачка Јелена Томашевиќ неодамна се струполи за време на настап во Бар, а нејзиното прво појавување во јавноста по тој инцидент се случи на синоќешниот хуманитарниот „Концерт за ангели“ во Белград. Овој трогателен настан е организиран во спомен на загинатите ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“.
Инаку, Јелена Томашевиќ неодамна се сруши на сцената, поради што беше прекинат нејзиниот концерт во Бар, за кој зборувала сега.
– Добив вирус кој го воспали средното уво и ги наруши кристалите во моите уши. Дури и се пошегував следниот ден дека добив вертиго затоа што испеав песна со тој наслов. Тоа е минливо, отидов кај лекарка која, со еден маневар, ми ги намести кристалите во моите уши и ми престанаа вртоглавиците, но морав неколку дена да мирувам – рекла Јелена и додала:
– Искрено, ништо слично никогаш не ми се случило. Претходниот ден имав снимање, не сакав да го откажам концертот поради вирусот. Тоа утро добив вртоглавици кои се смирија во текот на денот, а вечерта повторно се вратија. Да знаев, ќе го откажев концертот навреме, немаше себеси да се доведам во таква ситуација. Сите веднаш притрчаа да помогнат, брзата помош, лекарките од публиката ми пружија прва помош и им благодарам на сите, навистина се чувствував згрижено.