Јорданов: Сите земји во регионот почнаа со вакцинација, додека ние бараме изговори

230 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов посочи дека Македонија останува лидер во регионот по однос на негативен баланс во битката за Ковид 19, како и тоа дека сме последни во оваа рамка што се уште не сме започнале со имунизација на населението.

„Јас жалам што Македонија заостанува и не успеа да биде лидер во регионот. Општ впечаток е дека, ако 80% земји во светот почнаа со вакцинацијата, Македонија дури сега потпишува прв договор за вакцинација. Властите можеа да набават вакцини, што ќе помогнеше и ќе ставеше крај како на здравствената, така и на економската криза. “, истакна Јорданов и додаде:

„Изјавите од пред неколку месеци дека ќе започнеме со вакцинацијата, доведоа до дополнителна недоверба кај граѓаните. По могу работи, Македонија покажа и докажа дека не се соочува најдобро ниту со економската, ниту со здравствената криза. Сите земји во регионот почнаа со вакцинација, додека ние бараме изговор, затоа што немаме ниту една вакцина за имунизација на населението“, посочи Јорданов.

Слични содржини