Јорданов: ВМРО ДПМНЕ можеше да владее подобро, но Владата сега покажува дека можело и полошо

310 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов, посочи дека опозицијата критикува во однос на реалната состојба во С.Македонија, и потенцира дека ВМРО ДПМНЕ подаде рака на Владата за формирање експертска влада, во која заеднички би се поделиле одговорностите во секој поглед.

„Опозицијата не е виновна што не е започнат процесот на вакцинација. Владата имаше можност преку подадена рака за експертска влада, да прифати,  што ќе значеше дека прифаќаат заедничка споделена одговорност, за сите сегменти“, истакна Јорданов и додаде:

„Ние како опозиција, мораме да критикуваме и воочиме на пропустите на Владата. Сосема легитимно е да го кажуваме сето она што е реалност во Македонија, а истото го потврдуваат и меѓународни институции. ВМРО ДПМНЕ не владеело одлично секогаш, и ако ме прашувате дали можело подобро велам да, но актуелните власти покажуваат и дека можело да биде и полошо“.

Слични содржини