Јунајтед му ја затвори устата на Погба

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Манчестер Јунајтед му ја „затна“ устата на Пол Погба, посочија новинарите на Островот по последните два натпревари од тимот.

По поразот од Вест Хем со 1:3, откако беше побарано да коментира, Погба само се ограничи на зборовите: „Ја посакувате мојата смрт?“.

Но, по ремито против Валенсија во Лигата на Шампионите во вторникот вечер, Погба призна во чист текст: „Ми рекоа дека немам право да зборувам пред печатот“.

Забраната од клубот доаѓа по доста искази на светскиот шампион со Франција, кои му направија доста проблеми и придонесоа за зголемувањето на скандалот меѓу него и менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо.

Слични содржини