Јутубер мина 50 часа под земја, на крајот заплака (ВИДЕО)

410 прегледи

Јутјуберите често прават необични работи за да го привлечат вниманието на публиката. Џими Доналдсон, чиј прекар е „MrBeast“, отиде чекор подалеку.

Тој реши да помине дури 50 часа закопани два метри под земја, а во видео кое трае 12 минути, го опишува ова искуство.

“Сакам да се движам, но не можам. Почнувам да се чувствувам клаустрофобично, досадно ми е, грбот ме боли, мириса лошо”, рече тој по првите 20 часа под земја. За сето ова време, патем, тој имал пластични шишиња во кои уринирал.

За да се осигура дека нема да излезе порано од очекуваното, тој се согласил со пријателите да го „тресат“ со електрични удари доколку се предомисли и се откаже од предизвикот што си го поставил на себе.

По цели 50 часа, Доналдсон се расплака.

“Вака изгледа кога ќе бидете закопани живи. Плачам од среќа што одам надвор, ова беше глупаво”, конечно призна тој.

Инаку, тој досега собра околу 50 милиони прегледи на ова видео.

Слични содржини