412
Јужнокорејската војска истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои ја нарушиле меѓукорејската граница, најверојатно по грешка, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ).
Според извештаите, околу 12:30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна откако јужнокорејската војска упатила предупредување и потаа почнала да стрела.
Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата.