Кац: Израел ќе продолжи со нападите врз Иран уште посилно доколку е потребно

од Milan1
13 прегледи

Израел, доколку е потребно, ќе ги продолжи нападите врз Иран „уште посилно“, изјави денес израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

Кац ја упати заканата додека зборуваше на церемонијата по повод дипломирањето на пилотите на израелските воздухопловни сили, објави „Тајмс оф Израел“.

„Церемонијата по повод дипломирањето е директна порака до диктаторот Али Хамнеи и групата на ајатоласите во Иран: долгата рака на Израел ќе ве стигне во Техеран, Тебриз, Исфахан и насекаде од каде што ќе се обидете да му се заканите на Израел“, рече Кац.

Според него, нема место каде што ќе се кријат.

„Ако е потребно да се вратиме, ќе се вратиме уште посилни“, рече тој.

На истата церемонија, началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, изјави дека неодамнешната војна со Иран беше „момент во кој си докажавме себеси и на светот дека кога народот на Израел е загрозен, знаеме како да се обединиме, да дејствуваме и да напаѓаме со прецизност, сила и одговорност“.

Началникот на воздухопловните сили, генерал-мајор Томер Бар, рече дека Израел го надминал предизвикот од 1.800 километри и го трансформирал Иран од земја од „третиот прстен“ во земја од „првиот прстен“.

„Кампањата сè уште не е завршена. Подготвени сме да дејствуваме секогаш кога е потребно“, нагласи тој, пренесува Танјуг.

Слични содржини