15
Израел очекува неговите сојузници „да му се придружат“ и да го „нападнат Иран“ доколку Исламската Република ја нападне еврејската држава, изјави денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.
Тој ова им го кажа на своите колеги од Франција и Велика Британија, кои се во посета на Израел.
„Израел очекува Франција и Велика Британија јасно и јавно да му кажат на Иран дека е забрането да го напаѓа Израел и дека ако Исламската Република нападне, коалицијата предводена од САД ќе му се придружи на Израел не само за да го брани, туку и да нападне важни цели во Иран“, рече Кац.