Кадиров им одговори на Украинците: Одберете време и место, ќе дојдам и ќе ве казнам

од Destan Jonuzi
213 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ѝ порача на Украина дека нема потреба да се става неговото име на потерница за апсење бидејќи ќе дојде сам.

„Господа, одредете го местото и времето, ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства“, рече Кадиров во видеото објавено на апликацијата за пораки Телеграм. Кадиров додаде дека веќе неколку пати бил во Украина.

Украинската служба за безбедност го стави Кадиров на потерница поради водење агресивна војна или агресивна воена акција, што предвидува затворска казна од десет до петнаесет години.

Слични содржини