Кадиров: Некој се обиде да отруе важен чеченски командант, и тоа со писмо

од Radmila Tasevska
154 прегледи

Гувернерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, денес објави дека Апти Алаудинов, еден од неговите помошници и командант на чеченските сили во Украина, бил цел на неодамнешниот обид за труење.

Според информациите на Кадиров, на 8 февруари, еден од помошниците на Алаудинов добил плико со писмо за Алаудинов кој бил третиран со отровна материја, пишува Медуза.

Откако забележал дека хартијата има остар мирис, Алаудинов, според Кадиров, темелно ги измил рацете и ја исплакнал носната празнина, како и сите други што го допреле пликот.

„Затруените отишле во медицинскиот баталјон, каде благодарение на квалификуваните и компетентни постапки на началникот и двајца медицински службеници, од кои едниот се покажа дека е професионален токсиколог, избегнати се сериозни последици“, рече Кадиров.

Слични содржини