Кадиров тврди дека е во Украина во близина на Киев (ВИДЕО)

од Milan1
337 прегледи

Рамзан Кадиров, лидерот на рускиот регион Чеченија, наводно е во Украина заедно со руските сили.

Кадиров објави видео на Телеграма во понеделникот, на кое се гледа како ги проучува плановите во воена униформа околу маса со војници во соба. Во пораката тој вели дека видеото е снимено на Хостомел, аеродром во близина на Киев.

„Пред некој ден бевме на околу 20 километри од вас, киевските нацисти, а сега сме уште поблиску“, наводно напишал Кадиров додека ги повикал украинските сили да се предадат „или ќе биде готово“.

Слични содржини