Кадиров во Мариупол го однел и малолетниот син Адам? (ВИДЕО)

од Milan1
295 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров наводно го однел својот 14-годишен син Адам во Украина, објави Дејли Меил. Тие споделија снимки и фотографии, тврдејќи дека Кадиров го однел својот малолетен син во украинскиот град Мариупол.

За снимката која е преземена од профилот на Телеграм наречен Оперативни извештаи, а потоа објавена на социјалните мрежи, пишуваат дека е снимена во болницата во Мариупол.

Во еден момент, дете облечено во темно зелена воена униформа е прикажано како го посетува заедно со својот татко тешко повредениот командант Руслан Геремеев, кој е осомничен за убиството на рускиот либерален политичар Борис Немцов во 2015 година.

Адам е едно од дванаесетте деца, а Кадиров, наводно, рекол дека сака неговиот син од прва рака да научи за успесите и потребите на руските војници. Кадиров, исто така, пишува Дејли Меил, јасно нагласи дека не се согласува со одлуката на Русија да го намали воениот притисок врз Киев.

Слични содржини