Каевски: Во државата има два концепти, еден за ЕУ, повисок стандард, повисоки плати и еден за спас на Мицкоски

од Radmila Tasevska
212 прегледи

„Имаме два концепти во моментов, тие се реални и народот ги гледа. Едниот е концепт за ЕУ, зголемување на плати и пензии, повисок стандард, можности, пристап до фондови. До 2030 година да станеме членка на ЕУ, а од друга страна го имаме ВМРО-ДПМНЕ кои за да ја спасат фотелјата на Мицкоски прави се за да не продолжат преговорите“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ има евидентно неединство, што го забележуваат граѓаните.

„Неединството се виде и со Град Скопје и општините кога се напаѓаа. А се гледа и кога ги терате пратениците што вие сте ги предложиле да потпишат нотарски изјави. Нели она што велат дека се единствени, нели тоа се потпира врз принцип на другарство, партнерство, идеали…Кои се тие идеали каде ги терате да потпишуваат изјави на нотар?“ запраша Каевски.

Пратеникот од СДСМ рече дека народот очекува национално и политичко единство за важните прашања за државата, а не да имаме партија од опозицијата што шири лаги, лажни вести, ги подгрева чувствата на граѓаните и потоа од инает вели дека нема да поддржи уставни измени.

Слични содржини