Кај битолчанец пронајдени стари монети дел од културното наследство

од Milan1
294 прегледи

Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(57) од Битола.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 од Кривичниот законик.

– На 19.01.2024 во Битола, полициски службеници од Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство, во координација со полициски службеници од СВР Битола извршиле преглед на пријавениот и во патничкото возило кое го управувал биле пронајдени и одземени две монети кои во периодот од октомври 2023 година до јануари 2024 година ги набавил на нелегален начин и без дозвола од надлежен орган, информираат од МВР.

По наредба од Основното јавно обвинителство Битола монетите биле доставени до овластен вештак од областа на нумизматиката, кој изготвил извештај за извршена идентификација на нумизматички материјал и утврдено е дека монетите се од различен период, веројатно потекнуваат од различни локалитети и дека претставуваат културно наследство утврдено во Националната класификација на движно културно наследство и подлежат под заштита со Законот за заштита на културното наследство и Кривичниот законик на РСМ.

Слични содржини