Денес во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Стопански двор ги лишиле од слобода З.С.(24) и А.А.(24), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.