Вчера во 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.