Вчера, во 15.50 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(28) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголемо количество марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана, пиштол „чешка збројевка” и рамка за пиштолот калибар 6,35мм, 25 куршуми и поголем број на банкноти во разни апоени.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.