Вчера во 00.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(40) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.