200
Вчера во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(21) од с.Долно Оризари, битолско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.