Од денес, сите клиенти во една област на Пекинг ќе добијат купони со попусти на доколку биле вакцинирани против Kовид-19.
Со дистрибуција на купони во вредност од 1,23 до околу четири американски долари, кинеските власти се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата во населбата Даксинг, каде што живеат околу 1,8 милиони луѓе, пренесува Ројтерс.
Вакцинираните жители на Пекинг можат да користат купони во вкупна вредност од околу 30,7 милиони долари во блиските супермаркети.
Некои граѓани изразилe загриженост дека делењето купони всушност ја поткопува довербата на граѓаните во вакцината.
Повеќе од 73% од популацијата постара од 18 години се вакцинирани во областа Пекинг во Даксинг, објавено е во весникот „Пекингшки дневник“.